Од денеска (недела, 15 јуни) започнува тримесечната кампања и акција „Читај и освежи“ се на Издавачката куќа Феникс од Скопје. Акцијата ќе трае до 15 септември.
Во двете книжарници на Феникс, но и во продажната мрежа ширум Републиката, изданијата на Феникс ќе се продаваат со голем летен саемски попуст од 50 насто (плати една книга – добиј две).
За продажба ќе бидат понудени над 5.000 изданија, а просечната цена на книгите изнесува 100 денари.
Читателите ќе имаат ретка и единствена можност да набават изданија за сите генерации: лектири за основно и средно образование, боенки и сликовници, енциклопедии и прирачници, разговорници и речници, книги за дом и семејство, хороскопи, готвачи, соновници, хитови и бестселери…
Меѓу најбараните дела се наоѓаат: Смелоста на надежта од Барак Обама, Животни во срцето од нобеловката Херта Милер, Некропола од Борис Пахор, Самец од Момо Капор, трилогијата Принцезата Султана од Џин Сасон…, а од македонските писатели: Осмото светско чудо од Јордан Плевнеш, Лифтот (не) е за двајца од Христо Петрески, Сонувај добрина од Панде Манојлов, Сето друго е помалку важно од Трајче Кацаров, Лоша тетка и други раскази од Славчо Ковилоски и бројни други автори и наслови.