Промоција на збирка раскази од Мерсиха Исмајлоска

Во вторник (17 јуни) во 20:00 часот во кафе-книжарницата „Магор“ во Скопје ќе биде промовирана збирката раскази „Нова приказна“ од Мерсиха Исмајлоска.

Промотори на книгата „Нова приказна “ од Исмајлоска ќе бидат м-р Александра Јуруковска и Петко Шипинкароски. Извадоци од делото ќе читаат Нола Исмајлоска и Елида Бахтијароска.

Мерсиха Исмајлоска, е родена во Струга. Mагистрирала на тема од компаратистиката, теоријата на филмот и визуелните уметности, на која дисциплина е и докторант при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје. Својата окупацја со проблемот на книжевното и визуелното ја пренесува и во работата со студентите на Универзитеот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, каде работи во моментов. Учесник е на повеќе научни конференции, симпозиуми, трибини и други разни собири од областа на културата, науката и уметноста. Преведена е на хрватски, бугарски и други јазици.

You May Also Like