Обука за родова сензитивност во медиумите

Град Скопје, во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, објавува повик за пријавување  кандидати (новинари) за еднодневната обуката „Воведување на родово сензитивна култура во медиумите“, што ќе се одржи на 25-ти октомври 2012 година (четврток), во 11 часот во НВО Центарот на Град Скопје (лоциран во Младинскиот културен центар, прв кат).

Обуката е наменета за новинари од националните и од локални медиуми и има за цел да го претстави концептот на родово балансирано известување и да ги зајакне капацитетите на целната група, за родово сензитивно известување. Оваа обука се организира во рамки на проектот „Воведување на родово сензитивна култура во медиумите“ којшто го спроведува Центарот за истражување и креирање политики, со финансиска поддршка од Град Скопје.

Заинтересираните новинари потребно е да се пријават најдоцна до 22-ри октомври 2012 година. Пријавувањето се врши со испраќање професионална биографија на кандидатот и кратко мотивационо писмо на следнава адреса: zmejkoski@crpm.org.mk

You May Also Like