Духовна музика посветена на „Св.Климент“ во Охрид

Меѓународен фестивал на духовна музика посветен на „Св.Климент“ – патронот на градот …

Ohrid panorama

По повод големиот христијански празник летен „Св.Клиимент Охридски“ – патрон на Охрид, во организација на Младинскиот културен центар и Европската асоцијација на фестивали денеска и утре во Охрид ќе се одржи вториот Меѓународен фестивал на духовна музика „Тебе поем-Св.Клименте“.

Во рамки на манифестацијата вечерва од 21 часот во чест на патронот со хорски песни низ улиците на Охрид на разни локации ќе се претстават околу 120 учесници на фестивалот од повеќе хорови и оркестри од Бугарија, Чешка, Романија, Русија.

Централниот настан во рамки на манифестацијата ќе се одржи утревечер со настап на учесниците на фестивалот на Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Второто фестивалско издание на Меѓународниот фестивал на духовна музика се реализира со финансиска поддршка на охридската Локална самоуправа.

You May Also Like