Прв фестивал на европски филм во Прилеп

Првиот фестивал на европски филмови „Festival on Wheels“ ќе се одржи викендов (21 и 22 јуни 2014) во киното Мис Стон во Прилеп, почнувајќи од денеска (сабота) од 12:00 часот, па завршувајќи в недела во 20:00 часот.

mis ston kino sala prilep otvoranje 5

Ќе се одржат проекции на филмови од различни европски центри, со тематски филмски работилници од отворен тип, како и неделно детско матине со проекција на анимиран филм.

Фестивалот сака да ја поттикне дистрибуцијата на европски филмови и да се подигне свеста кај македонските граѓани за овој дел од филмската продукција.
Со проекцијата пак на детските анимирани филмови ќе им се овозможи забава на најмладите.

Програма за фестивалот на нов европски филм
Сабота 21 Јуни
12.00 Филмска работилница
18.00 Лоре
20.00 Борбени Девојки

Недела 22 јуни
12.00 Детско Матине-Големата мечка (анимиран)
18.00 Ѕид
20.00 Да ја изгубиш главата

You May Also Like