Наташа Петковска изложува во Куманово

Вечерва, (07.06.2013 година, петок ) со почеток во 19:00 часот во Изложбениот салон на Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово ќе биде отворена првата самостојна изложба на академскиот сликар Наташа Петковска.

На изложбата со наслов „XXV“ ќе бидат изложени 25 слики ( масло на платно ), два мозаика и неколку пастели работени во период од 2007-2013 година.
Наташа Петковска дипломирала 2011 год. на сликарски оддел во класата на проф. Симон Шемов и доц. Жанета Вангели на ФЛУ, Скопје.Учествувала на повеќе од 20 групни изложби и колонии во земјава и регионот.
За сите љубители на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена до крајот на месец јуни.

You May Also Like