Ансамблот „Танец“ со промоција на ново издание од едицијата “Незаборав”

Денес (среда, 19.02.2014 година) во НУ Музеј за македонската борба за државност и самостојност со почеток во 12 часот ќе се одржи промоција на второто ЦД “Незаборав”, кое содржи песни и ора извадени од long play плочи во изведба на врвни инструменталисти и пеачи од НУ Ансамбл „Танец“.

nezaborav DVD

На промоцијата ќе бидат презентирани и старите long play плочи, за да се види од каде се вадат овие песни, а сето тоа ќе послужи и како најава за ,,Незаборав III“,,Незаборав IV“ итн…

Воедно, ќе ја промовираме и соработката со НУ Музеј за македонската борба за државност и самостојност, со кој одлично соработувавме изминатиов период. Добрата соработка ќе ја продолжиме и во оваа наша јубилејна година (65-годишнина од основањето на нашата куќа).

Во оваа за нас многу значајна година планираме уште еден поголем проект во соработка со Музејот за македонска борба кој опфаќа изложба за 65 години постоење на ,,Танец“, како и ексклузивна ревија на народни носии.

You May Also Like