Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид и Центарот за неформално образование Траголник од Скопје потпишаа Меморандум за соработка.
Ова претставува уште еден чекор во заложбите за комплементарност на формалното и неформалното образование.
Соработката на оди во прилог на заложбите на Р. Македонија за воведување на концептот на доживотно учење кој претполага дека луѓето, а пред се младите треба уште во текот на нивното образование да се стекнат со вештини и навики за континуирано учење и лична и професионална надградба.