Младиот уметник Маја Кировска вечерва четврток, (29,12.2011 година) во Културниот центар „Креатив“ во 20:00 часот ќе одржи изложба наречена „8м² земја, 16м³ небо и цела вселена“.
Делата се направени од нетипични материјали, а нивната краткотрајност се должи на распадливоста на материјалите од кои што е направена и неможноста на истиот да се одржува во почетна агрегатна состојба на собна температура.
Целта на авторот е да влезе во интеракција со гледачот, да го постави во фокус прашањето за насоката на нашите животи и да го разгледа начинот на кој ние постапуваме со него.
Маја Кировска инаку магистар по сликарство досега има учествувано со неколку изложби на фестивали во светот како Италија, Мексико, Канада, Русија, Монголија, Литванија и Кина, а по премиерното претставување во Скопје со истата оваа инсталација, уметничката ќе патува и во Хрватска, Холандија, Данска и во други европски земји.
Изложбата ќе биде отворена до 23:00 часот.
Александар Ивановски