Нови комедии во Синеплекс

Оваа филмска недела две нови комедии како дел од репертоарот на Cineplexx.

Новата крими комедија во која глумат 3 добитници на Оскар – Ал Пачино, Кристофер Вокен иАлан Аркин, насловен „Луѓе од доверба“ (Stand up Guys), почнувајќи од денеска (четврток, 14 март) ќе биде прикажан на редовниот кино репертоар.

Филмот ги следи двајцата пријателите, криминалци во пензија, кои уживаат живот исполнет со многу забава, крадење и луд провод. Кога едниот од нив ќе излезе од затвор по издржување на долгогодишната казна, се одлучуваат за последна луда заедничка забава.

На репертоарот ќе се најде и француската комедија „Совршен план“ (Un plan parfait) која говори колку може да биде комплициран љубовниот живот и како да се бориме со проклетството. Дијана Кругер е убава, млада жена заљубена во својот дечко со кој наскоро ќе стапи пред олтарот. Би било крај на среќата доколку на сите жени во нејзиното семејство не им пропаднал првиот брак. Дијана не сака да ризикува, и се впушта во необична авантура да се омажи за непознат маж, да се разведе што побрзо и така да биде подготвена да го дели остатокот од животот со својот сакан.

You May Also Like