Виртуозот на виолина Валериј Соколов вечерва свири со Македонската филхармонија

Македонската филхармонија вечер (четврток, 14 март) во 20:00 часот ќе го одржи вториот концерт од циклусот „Лауреати“ под диригенската палка на Андреас Вајзер од Германија, а солист ќе биде еден од најистакнатите украински виолинисти, младиот Валериј Соколов.

На програмата се Концертот за виолина и окрестар бр. 5 од Волфганг Амадеус Моцарт, Увертирата кон операта „Волшебната флејта“ исто така од Моцарт и Симфонијта бр. 8 од Лудвиг ван Бетовен.

You May Also Like