Во Библиотеката „Искра“ во Кочани поставена е изложба на македонски традиционален вез, подготвена од Горданче Видиниќ од етнолошкиот оддел на Музејот на Македонија.
На изложбата се презентирани македонски традиционални везови од богатата македонска етнолошка ризница, рачно изработени кои потекнуваат од повеќе краеви на Македонија.
Изложбата на македонскиот традиционален вез е во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ и „Кочани град на културата 2012 година“ и ќе биде отворена во наредните 15-тина дена.