Нови изданија од проектот за „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници“

Денес (петок, 12 април) во читалната „1000 Книги“ во Градскиот трговски центар во Скопје, беа испромовирании нови 25 изданија од проектот за „Превод на  1000 стручни, научни книги и учебници“ од кои се учи на најдобрите универзитети во САД, Англија, а од областа на правото во Франција и Германија.


Министерот за образование и наука Панче Кралев, истакна дека од проектот досега  се достапни 726 наслови, кои што им овзоможува на студентите одлична можност за да се надградат во своите области, за да бидат рамо до рамо со студентите кои учат на најпрестижните универзитети.

На 46-та промоција од овој проект присуствуваше и премиерот Никола Груевски кој потенцираше дека книгите што денес се промовираат се’ од областа на медицината, професија која е во врвните приоритети на Владата на Република Македонија.

Од книгите учат во најдобрите унверзитети како  Кембриџ, Оксфорд и други, а со проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници“ и македонските студенти ќе може да ги користат во своите образовни цели.

Н.К.

You May Also Like