Канческа-Милевска се сретна со легендата на рускиот балет Владимир Васиљев

Министерката Канческа-Милевска денеска (петок, 12 април) оствари средба со светски познатиот кореограф, легендата во рускиот балет, професорот Владимир Васиљев, водечки танчер во „Бољшој театарот“, како и со уметничкиот директор на „Танц-фест“ Рисима Рисимкин.

За време на средбата Канческа-Милевска изрази задоволство од денешната средба и рече дека Васиљев допатува во нашата земја како гостин по повод деветто издание на манифестацијата „Танц-Фест“ во чии рамки вечерва на отворањето ќе му биде врачена наградата „Менада“ која Советот на фестивалот ја доделува за врвни достигнувања во областа на танцот.

Го информирав господинот Васиљев за сето она што го инвестираме во културата и уметноста во делот на класичниот, на модерниот балет. Сакам да изразам голема благодарност за неговото присуство во Република Македонија, за она што имавме можност да го размениме околу размислувања за поголемо вклучување и соработка во делот на класичниот балет и со голем број руски кореографи кои може заедно со нашите уметници да направат еден напредок во реализација на некои проекти од оваа област, рече Канческа-Милевска.

Рускиот кореограф Владимир Викторович Васиљев се заблагодари за поканата да присуствува на „Танц фест“ и изрази надеж дека неговата посета  ќе даде поттик за развој на македонскиот балет.

Многу е важно човекот додека е жив да му се додели награда, да се оцени целиот негов придонес и уметност, а не само кога тој ќе отиде во странство или ќе си замине. Да се почитува тоа што се има. Многу ми е драго што јас можам да придонесам со овој чекор, што ја оценивте и мојата уметност и мојата заслуга во балетската уметност и тоа што можам да придонесам во развој на македонската уметност, посочи Васиљев.

Канческа-Милевска истакна дека Министерството за култура препознавајќи го значењето на фестивалот за развој на современата балетска сцена и во иднина ќе ја дава својата целосна поддршка. Истовремено, таа додаде дека го поканила Васиљев на отворањето на новиот обjeкт на Стариот скопски театар, на првата премиера на 1 септември.

 

You May Also Like