Реконструкција и градба на нови студентски домови во Скопје

Владата на Република Македонија најавува реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев и изградба на нов дом на местото на постоечките бараки на студентскиот дом Медицинар, во кругот на Клиничкиот центар.


Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски најави реконструкција на опожарениот студентски дом Гоце Делчев која ќе започне наскоро, а до крајот на летово ќе се заврши, за студентите од септември можат да се вселат во реконструираниот објект.

На местото каде што е сместен студентскиот дом Медицинар, ќе се гради сосема нов објект од цврста градба, а барките ќе заминат во историјата. Се очекува наскоро да биде распишан тендер за ново идејно решение за градба, а до крајот на годинава да завршат процедурите за градба, а од почетокот на идната година ќе започне и изградбата на истиот.

Н.К.

You May Also Like