Утре (26 март, среда)во Скопје ќе се одржи Критична маса по 23ти пат. Како и секогаш, Критична маса се одржува последната среда од месецот, а овојпат започнува во 17:30 на Плоштад Македонија и завршува во ТЦ Лептокарија.
Критична маса е возење точак. Се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно возат по улиците на нивниот град, со цел да го направат градот подобро велосипедско место. Нема раководство, може да дојде кој сака и секој е одговорен за себе.
Секоја критична маса има одредена тема, овој пат инспирирани од повозрасните луѓе кои преферираат велосипед наспроти друго превозно средство, темата е „Точак за сите генерации!“