Македонски студенти на работен престој во Америка го запознаа 41-от претседател на САД, George H W Bush …

Во минатиот мој напис за cOoLTuRa.mk имавте можност да ги запознаете Норман Дуфоур, американецот што им помага на македонските студенти преку програмата ворк енд травел и неговата сопруга Надица Галапчева.
Иако во многу држави оваа програма е укината, сеуште во Македонија функционира и доказ дека нашите студенти се меѓу најуспешните е и’ следнава слика.
На 26.07.2014 нашите студенти ја имаа можноста да се сликаат со еден од највлијателните претседатели во историјата на Америка, George H. W. Bush.


George H. W. Bush е 41-от претседател на Америка, потпретседател на Америка, поранешен директор на ЦИА во мандатот на Џералд Форд, амбасадор во Обединетите нации во мандатот на Ричард Никсон, најстариот жив претседател на Америка, ветеран од втората светска војна…
Оваа можност им ја овозможи Норман како награда за макотрпната работа која што ја работат во ресторанот, но и поради тоа што се докажаа како најдобра група на студенти и оваа година.

од Мејн САД,
за cOoLTuRa.mk,
Гого Реквием