Учениците Никола Василевски (VIa) и Дамјан Гацов (VIб) од ОУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром покрај успешно завршените училишни обврски, со успех го претставуваат и училиштето на спортски план.
На последниот турнир за деца до 12 години кој се одржуваше во Краков, Полска, како членови на кошаркарскиот клуб „Јуниор“ го освоија првото место.
Исто така учениците се закитија и со поединечни награди, Никола Василевски доби признание за најкорисен играч на турнирот и за најдобар поентер, додека Дамјан Гацов беше избран во најдобрата петорка на позицијата центар.