Aкција „Израдувај дете од улица“

Шеесетина граѓани решени да помогнат, неколку компании, стотина деца, „Лице в лице“ и многу позитивна енергија. Тоа е рецептот за успехот на акцијата „Израдувај дете од улица“ која регионалната платформа за активизам „Лице в лице Македонија“ организираше изминатиов месец со цел да им го направи секојдневието поубаво на децата згрижени во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари.

 

Меѓу граѓаните кои се вклучија во оваа акција беа и парламентарци од различни политички опции, пензионери и студенти, вработени и невработени граѓани, а организирано се приклучија и компании и невладини организации.

Акцијата ја спроведе Центарот за медиумски активности во соработка со Дневниот центар за деца на улица во рамките на платформата „Лице в лице“.
Платформата го издава и истоименото активистичко списание кое е актуелно со својот втор број. Го продаваат токму младинци кои се или биле згрижени во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, а во текот на следната година на оваа група се очекува да и се придружат околу 50 припадници на маргинализираните групи.

You May Also Like