Краткиот филм “Мир за сите” од Елизабета Конеска на фестивал во Софија

Фестивалот за културно наследство во Софија, на кој се претставуваат 40 филмови од повеќе европски земји, вчера вечер беше отворен во Американскиот центар во општинската библиотека во Софија.

Фестивалот беше отворен со краткиот филм “Мир за сите” од Елизабета Конеска. Филмот зборува за културниот и верски соживот, прикажан низ чествувањата на Ѓурѓовден во Македонски Брод.  Филмот пред публиката на фестивалот го претстави директорот на Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров.

Фестивалот за културно наследство го организираат “Фондацијата на проф. Детев” од Бугарија, во соработка со амбасади и културни институти и центри  со седиште во Софија. Партнери на Фестивалот, покрај македонскиот културен центар годинава беа Амбасадата на Шпанија, Италијанскиот институт, Полскиот институт, Унгарскиот културен институт-Балаши ,Институтот Адам Мицкијевиќ од Полска и Археолошкиот канал од САД.

You May Also Like