Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (петок, 30 ноември, 2012 година) во 11:00 часот ќе го посети Детскиот театарски центар (поранешно кино „Напредок“) во Старата скопска чаршија каде што ќе се сретне со уметничкиот директор на оваа установа за култура, Бајруш Мјаку.
По посетата на Детскиот театарски центар, Канческа-Милевска ќе го посети и објектот лоциран на улицата „Битпазарска“ бр. 81 во Старата скопска чаршија, чија реконструкција на надворешноста беше дел од проектот за обнова и конзервација на повеќе фасади во значајните градски јадра низ Македонија.