Филмскиот фонд ќе финансира разработка на три нови филмски сценарија

Филмскиот фонд на Македонија додели три гранта на кандидатите кои аплицираа на конкурсот за доделување на грант за пишување на прв драфт на ново сценарио. Подржани се идеите за сценарија на Билјана Долевска за проектот „Коридори“, проектот „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова и „Ништо страшно“ на Димитар Банов.

На конкурсот објавен од страна на Филмскиот фонд се пријавија 12 кандидати кои денес имаа шанса да ги претстават своите идеи за сценарио пред македонските филмски професионалци. Презентацијата се одржа вчера (четврток, 29 ноември) во просториите на Филмскиот фонд со почеток во 11:00 часот.

Одлуката за доделување на грант за прв драфт на ново сценарио беше донесена од страна на тричлена комисија составена од Благоја Куновски, Билјана Гарванлиева и Бернд Будер, а висината на грантот за секој проект поединечно изнесува 2.000 евра.

You May Also Like