Францускиот институт во Скопје и Кинотека на Македонија Ве повикуваат на официјалното отворање на Неделата на франкофонскиот филм, кое ќе се одржи во вторник (27 март 2012 година), со почеток во 20:00 часот, во Кинотека на Македонија.
Отворањето ќе биде одбележано со пригоден говор на Жан-Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција во Македонија, по што следува проекцијата на францускиот филмски хит „Ќе ми бидеш син“, од 2011 година, на режисерот Жил Легран.
Во рамките на Неделата на франкофонскиот филм предвидена е ревија на филмови од франкофонски земји: Швајцарија, Белгија, Бугарија, Романија и Канада, а истата организирана во знак на одбележување на март, месецот на Франкофонијата.