Елаборат за валоризација на празнувањето на Лазарица во Дримкол

Како дел од активностите на Министерството за култура за заштита и популаризација на нематеријалното културно наследство, во тек е изработката на елаборат за валоризација на празнувањето на Лазарица во етногеографски предел, Дримкол како духовно културно наследство …

LazarkiНаучните соработници од Институтот за старословенска култура во Прилеп во текот на април реализираа теренски истражувања при што беа комплетно фото и видео евидентирани и документирани сите обредни дејствија кои се составен дел од празнувањето на Лазарицата во југозападниот дел на Македонија, во селата Радожда, Враништа, Вевчани и, пред сé, Луково.

Со овој проект, годинава се финализираа повеќегодишните истражувања поврзани со Лазарувањето во југозападниот дел од Македонија – Преспа, Струшко Поле и Дримкол и нивната валоризација како нематеријално духовно наследство.

Lazarki 2

Валоризацијата и ставањето под заштита како културно добро на Лазарицата во Дримкол со сите обичајни практики е од големо значење како за локалната заедница, така и пошироко во регионални и национални рамки. Зачувувањето на традицијата и народното практикување ќе поттикне учество на локалната заедница во практикувањето и пренесувањето на доброто, како и негово поголемо популаризирање и промовирање не само на територијата на Македонија, туку и надвор од неа, земајќи ја во предвид масовноста и изворноста на практикувањето на лазарувањето кое веќе е во поодмината фаза на одумирање во другите краишта во Македонија, освен во Струмичко и Радовишко каде што допрва треба да се истражува и документира.

Lazarki 1

You May Also Like