„Бакни ме можеби нема да се разбудам“ е насловот на изложбата на Жанета Гелевска Велјаноска што денеска (18 септември, четврток) во 20:00 часот ќе биде отворена во Галеријата на Тутунска банка.
На самостојната изложба „Бакни ме можеби нема да се разбудам“ ќе бидат изложени платна и цртежи во комбинирана техника изработени последните 4 години . Жанета Гелевска – Велјасноска – Жани изложбата ја организира во сеќавање на нејзината мајка.