Марија Кичевска гостин на гала балетски концерт во Киев

Утре вечер, (недела, 25.03.2012 година) во Националната опера и балет во Киев на Гала балетскиот концерт  во чест на народниот артист и лауреат на Украина, кореографот, педагог и репетитор Анатолиј Шикера (добитник на државната награда на Украина „Т.Г. Шевченко“ ) ќе гостува нашата истакната балерина Марија Кичевска. Таа ќе настапи со „па де де“ (pa de deux) од балетот „Дон Кихот“.

Се работи за гостување на Фестивалот на Анатолиј Шикера кој се одржува секоја година и на кој што традиционално Министерството за култура на Украина на некој еминентен балетски уметник му доделува награда, премија (Анатолиј Шикера).

Во 2006 година наградата „Анатолиј Шикера“,за прв пат во историјата на фестивалот  ја добива еден странски уметник. Се работи за нашата примабалерина , главен педагог, репетитор и менаџер на МОБ Тања Вујисиќ Тодоровска. Интересно е да се нагласи дека Тања Вуисиќ ја добива оваа награда како признание за ширењето на делото на Анатолиј Шикера надвор од границите на Украина.

You May Also Like