Во организација на градинките на Општина Центар, вчера (сабота, 22 септември, 2012 година) се одржа спортско-рекреативна манифестацијата под мотото „На тркала без чад, низ нашиот град“. Настанот се одржа во Градскиот парк (Школка), по повод одбележувањето на 22 септември – Светскиот ден без автомобили.
Во рамки на манифестацијата беше реализирана богата сценско-музичка програма во која зедоа учество учениците од трите детски градинки од Општината: „13 Ноември“, „Раде Јовчевски-Корчагин“ и „Кочо Рацин“.
Целта на реализација на активностите по повод оваа манифестација е развивање на еколошка свест кај децата за зачувување на здрава и чиста животна средина, користејќи алтернативните превозни средства (велосипеди, тротинети и ролери). Исто така, децата се натпреваруваа на полигон за велосипеди со препреки, каде што можеа да ги претстават своите вештини и спортски способности.
Децата имаа прилика да се едуцираат за она што значи еколошка свест и како таа реално треба да се применува.Нивниот труд беше награден со благодарници за учество. На настанот присуствуваа голем број на посетители.