Утре (четврток, 6 јуни), со почеток од 20:00 часот, во салата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе се одржи Годишниот концерт на Балетското студио „Венус“ од Кавадарци. На концертот ќе се претстават сите групи по возраст, на над стотина членови на Студиото.
Концертот претставува годишен креативен сублимат на најуспешниот кавадаречки балетски кореограф и педагог Билјана Грозданова Ивановска, која над петнаесет години успешно го води Балетското студио “Венус“
Во досегашната работа на Студиото, низ бројни генерации членови, за успешната работа сведочат бројни признанија и награди, особено на државните натпревари и фестивали на модерен балет во Куманово и Штип. Освен успешното претставување пред публиката во Македонија, последните години Балетското студио „Венус“ успешно се претставува и на сцените во соседните земји, низ ушество на меѓународни натпревари и фестивали.