Кога на најдобрите пријатели, Рајан (Џејк Џонсон) и Џастин (Дејмон Вајанс Помладиот), полициските униформи што ги облекле за маскенбалот во соседството ќе им донесат (локална) слава и почит, тие ќе посакаат забавата никогаш да не заврши.
Забавната акциона комедија насловена „Ајде да бидеме полицајци“ (Let’s Be Cops) на режисерот Лука Гринфилд пристигнува во нашите кино-сали на 23 октомври!
Најинтересната епизода во животот на неразделните пријатели Рајан и Џастин започнува оној миг кога погрешно ќе ја протолкуваат поканата за маскенбал во соседството и че појдат маскирани како полицајци. Тие набрзо стануваат сензација и сфаќаат дека тие улоги совршено им одговараат во реалниот живот. Продолжуваат да ги водат своите животи во полициски униформи, возејќи се низ градот во потрага по урнебесна забава. Благодарение на „семоќниот eBay“ успеваат да набават вистински полициски автомобил, за да ја зајакнат уверливоста на своите униформи!
Сепак, кога новопечените „јунаци“ ќе се најдат опкружени од вистински криминалци и корумпирани детективи, сфаќаат дека полицискиот животот воопшто не е лесен и се принудени да ги остават настрана своите лажни полициски значки.
Идејата за филмот „Ајде да бидеме полицајци“ е родена кога режисерот Лук Гринфилд одлучил да се облече за празникот Ноќ на вештерките во полициска униформа, а тој избор завршил со неочекувани последици.
„Тогашниот костимограф ми набави вистинска униформа и со еден пријател се шетавме по улиците на Лос Анџелес. Чувството на моќ и на авторитет беше неверојатно. Тогаш не бев во љубовна врска и ми беше многу лесно да разговарам со жените на улиците од градот.“ Со колегаа сценарист и со извршниот продуцент Николас Томас, Гринфилд ја развил идејата која набрзо се преточи во филмот „Ајде да бидеме полицајци“, благодарение на студиото 20th Century Fox.
Во акционата комедија „Ајде да бидеме полицајци“ (Let’s Be Cops), покрај Џонсон и Вајанс Помладиот, играат и ѕвездите од серијата „Вампирски дневници“ Нина Добрев, Роб Ригл, и исклучителниот Енди Гарсија.