Јубилејна 500-та емисија „Фактор здравје“

Проектот Фактор здравје на Алфа ТВ започна да се емитува на 23 јануари. Емисијата се емитува од понеделник до петок. Водител на емисијата е Илија Николовски кој има 19-годишно искуство како водител-новинар, а е магистар по Медиуми и интеркултурна комуникација.

faktor_zdravje_alfa_tv

Првите две сезони емисијата се емитуваше во термин од 16.45-17.15, а во третата сезона, од септември минатата година, Фактор здравје се емитува од 8.20-9.00. Како растеше рејтингот на емсијата, така се зголемуваше нејзиното времетраење.  На почетокот, малкумина веруваа во проектот, но сега, после 500-ни емисии многумина веруваат и сакаат Фактор здравје и натаму да ги едуцира, информира и превентивно да делува. Доказ за тоа е податокот дека трета седмица по ред емисијата трае 10 мин, подолго, т.е. вкупно 40.

„Фактор здравје сум јас, Илија Николовски, водител, Дејан Стефков, продуцент, Владо и Кети Поповска (реализација) и ГЕ132, најсилниот антиоксиданс кој ми овозможи секогаш да бидам во фит и во форма. Благодарение на него немам прошпуштено ниту една емисија, што значи дека превентивно делува и го штити мојот имун систем и здравјето во целина. Секоја емисија носи една тема, еден гостин и многу јавувања на гледачи. Сме зборувале биквално за сите специјалности од медицината и опфатени се многу теми.  Актуелна е секоја на свој начин, но според реакциите потоа, најмногу интерес предизвикуваат емисиите кои во својот наслов на тема имаат еден од двата волшебни збора, СТРЕС И СЕКС, хаха, сериозно! Голем интрес предизвикуваат и темите кои се однесуваат на нашите најмили, децата, теми од областа на гинекологијата, онкологијата, кардиологија, неврологија како и теми за кои прв пат воопшто се зборува јавно на телевизија“ – вели Николовски.

You May Also Like