Денес (недела, 9 јуни) на репертоарот на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ кој по 48-ми пат се одржува во Прилеп се четири претстави, од кои две во официјална конкуренција.
Театарот за деца и младинци од Скопје ќе ја изведе претставата „Пипи долгиот чорап“ од Астрид Линдгрен во режија на Драгана Милошевски Попова, претстава дел од придружната фестивалска програма, во Центарот за култура “Марко Цепенков”.
На сцената од прилепскиот театар од 19:30 часот е претставата во официјалната конкуренција „Духот на слободата“ од Горан Стефановски на Кумановскиот театар, во режија на Лука Кортина.
Од 22:00 часот во ЦК„Марко Цепенков“, театарот „Комедија“ од Скопје, ќе ја изведе втората претстава во официјалната конкуренција „Женидба“ од Гогољ, во режија на Дејан Пројковски.
Публиката точно на полноќ ќе може да ја проследи испитната претстава на студентите од ФДУ „Во потрага по Данил Хармс“.