Проект „Почуствувај ја Македонија со шестото сетило- срцето“

Друштвото на писатели на Македонија како дел од иницијативниот одбор на проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“  ја најавува првата средба со која ќе се започне поетскиот караван низ Македонија.

pocustvuvaj_ja_makedonija_so_sestoto_setilo

 

На 22 јуни (недела) на брегот на Дебарското Езеро свој настап ќе имаат:

– Стојан Тарапуза,
– Виолета Танчева-Златева,
– Ирена Павлова де Одорико и
– Миле Јовановски Поречанец.

Младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ и Здружението на Пензионери на Македонија и Иселеници формираа анонимна жири комисија која ќе го одбере добитникот на наградата „Витез на Македонскиот пишан збор“.

Организаторите велат „За овој проект сакаме да велиме дека се соединија енергијата на младите, мудроста на постарите и мислата на авторитетите на македонскиот пишан збор, а целта е да покажеме дека сите ние го имаме шестото сетило – срцето“.

You May Also Like