Националната установа „Танец“ и Детскиот културен центар „Карпош“ заедно под мотото „Даруваме со песна и игра“ организираат спектакуларен хуманитарен концерт на 4 мај.
Концертот е со цел да им се помогне на децата од Посебното основно училиште „Иднина“ од Скопје, а гостуваат и реномираните македонски пеачи Драган Мијалковски и Александар Митевски.
Бидете хумани и присуствувајте. На 4 мај (петок) во Универзалната сала, со почеток во 20:00 часот – „ДАРУВАМЕ СО ПЕСНА И ИГРА“.