Денеска (23 октомври 2012) во 14:45 часот во НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе се обрати на промоцијата на монографското издание на книгата „Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим“, на македонски и на англиски јазик.
Одбележувањето на празникот ќе биде збогатено и со филателистичка изложба „Писма од Македонија“ од колекцијата на Бранислав Светозаревиќ.