Денес (четврток, 8 ноември 2012) се одржа првата прес-конференција по повод Македонскиот радискиот фестивал МАРС-2012, кој ќе се оддржи на 22-ри овој месец, во Универзалната сала- Скопје, која е организатор и продуцент на фестивалот. Истиот е финансиски поддржан од град Скопје.
На МАРС и оваа година ќе бидат избрани најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани од 45 радиостаници ширум Македонија во над 600 песни испеани од повеќе од 100 домашни изведувачи. Од нив 15-те највртени хита во македонскиот радиоетер ќе се најдат ан финалната вечер на МАРС-2012 во избор на радиски хит на годината ќе бидат проследени на МРТВ.
Еве ја листата на 15-те изведувачи кои ќе се престават на овогодинешниот радиски фестивал МАРС – 2012: 1. Тамара Тодевска – Можеш ли, 2. Мартин Мила – Вила ла Македонија, 3. Кристина Арнаудова – Само еднаш, 4. Еуа cye – Иста патека, 5. Нокаут – Знаеш каде да ме најдеш, 6. Влатко Лазановски – Нема ден нема ноќ, 7. Пеперминт – Ако, 8. Александар Белов – Јасно е ко ден, 9. Ристо Самарџиев – Езерска, 10. Димитар Андоновски – Добро ме познаваш, 11. Дарко Илиевски – Гола,12. Алекасандар Тарабунов – Овие денови, 13..NEXT TIME – Лице од рај, 14. Биба Додева – Прашај ме, 15. Влатко Илиевски – мојата самовила.
Како специјални гости во ревијалниот дел на МАРС – 2012 ќе настапат и: Аки Рахимовски од Парни валјак, Фламингоси и Гаро и браќата Тавитијан.
На изведувачите чија песна ќе биде прогласен за радиски хит на 2012 година ќе му биде деделена парична награда од 60.000 денари, а организаторот ќе му овозможи бесплатно да ја користи Универзална сала за свој солистички концерт кој ќе го организира до крајот на 2013 година, второ пласираниот ќе добие 40.000 денари, а трето пласираниот 30.000 денари и наградата од 10.000 денари ќе ја понесе авторот на најдобриот текст. На една од 15-те финални песни кој традиционално го избираат естрадните новинари од дневните весници, естрадните магазини и музилките интернет портали во Македонија.
Ненад Ковачевски