Една година критична маса во Тетово

Тетово на точак утре (12 април) ќе одбележи една година или 13 критични маси.

Kriticna_Masa_br13_-_Tetovo_-_poster

Организаторите најавуваат „ ТетовоНаТочак ве повикува заедно да ја прославиме роденденската Критична Маса и да ја одбележиме оваа прекрасна година во која сите точакољупци возевме со една цел, љубовта кон точакот и подобар вело-град за сите нас.

На 12ти Aприл со почеток во 16:00 часот на градскиот плоштад ја почнуваме нашата роденденска рута на која е потребно да ги донесете вашите насмевки и секако вашите велосипеди. Во 17.00 часот започнува роденденската забава со нашите суперкул High Control и DJ сет на уникатните Олук Мултимедија.

#ТетовоНаТочак e иницијатива на млади велосипедски ентузијасти и граѓански активисти кои што настојуваат да направат промена во својот град со цел да обезбедат услови за слободно и непречено користење на велосипедот како основно превозно средство.

Критична маса во Тетово е организирана како дел од иницијативата #ТетовоНаТочак, која што претставува иницијатива на млади велосипедски ентузијасти и граѓански активисти кои што настојуваат да направат промена
во својот град со цел да обезбедат услови за слободно и непречено користење на велосипедот како основно превозно средство. Критична маса – Тетово е инспирирана од страна на ваквите настани кои што се организираат
како во Скопје така и во огромен број на градови низ целиот свет, а претставува прва ваква иницијатива која што се организира надвор од Скопје.

Напомена: Секој учесник во Критична маса – Тетово односно ТетовоНаТочак доброволно е присутен и само на своја одговорност“- велат од Тетово на точак.

You May Also Like