Се одржаа 20-те “Велигденски средби” во штипското село Брест

Во штипското село Брест се одржаа 20-тите Велигденски средби на кои традиционално се среќаваат Македонци по потекло од Егејот …

brest shtipsko sveti pantelejmon

Во штипското село Брест вчера се одржаа 20-те Велигденски средби, на кои традиционално се среќаваат Македонци од егејскиот дел на Македонија, кои живеат во земјава и странство.

Претседателот на Здружението „Македон“, Ташко Јованов вели дека проблемите, но и барањата на Македонците од егејскиот дел на Македонија за враќање на имотите ќе се решат кога ќе се реши и прашањето за името.

– Верувам дека двете Влади, на Република Грција и на Република Македонија ќе најдат заеднички јазик. Тужбите за враќање на имотите се уште се во грчките судови, документите уште не ни се вратени назад и очекуваме во текот на оваа година или при крај на летово, ако не вторпат ќе поднесеме документи на другиот суд во Грција и на крај ако на тој начин не го решиме во тој случај документите ќе ги однесеме во Стразбур, вели Јованов.

Своите имоти во Грција ги бараат од 7 до 8.000 Македонци од егејскиот дел на Македонија кои живеат во земјава, но и од Америка, Канада, Австралија, Кина и други европски земји.

Според претседателот на Здружението „Македонски Егеј“ од Штип, Јордан Тунев велигденските средби ги сплотуваат Македонците од егејскиот дел на Македонија.

На манифестацијата „Велиденски средби“ на Македонците од егејскиот дел на Македонија, присуствуваа и двајцата градоначалници на Штип и Радовиш, а настапија и фолклорните друштва КУД „Ристо Донев Учителот“ од Штип и КУД „Бучим“ од Радовиш.

You May Also Like