Изложба на Исмет Рамиќевиќ во Чифте амам

Во поглед на континуитетот во творештвото, може да констатираме дека во „Насока“, Исмет Рамиќевиќ останува доследен на дефинираните принципи во неговото творештво.

nasoka_izmet_ramikevic_izlozba

На 28 октомври 2014 година (вторник), со почеток во 20:00 часот, во организација на Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам ќе биде претставена самостојната изложба на Исмет Рамиќевиќ под наслов „Насока“.

„При лоцирањето на местото на Исмет Рамиќевиќ во одредени рамки на историјата на современата македонска уметност, како неизбежна одредница ја посочуваме секако неговата припадност на генерацијата што почнува да создава на оваа почва во осумдесеттите години и што ја дефинира македонската ликовна сцена во деведесеттите години на 20 век. Во поглед на континуитетот во творештвото, може да констатираме дека во „Насока“, Исмет Рамиќевиќ останува доследен на дефинираните принципи во неговото творештво. На ниво на естетика, авторот ја продолжува наклонетоста кон вертикалните форми трансформирани во симплифицирани цилиндрични облици, кои провејуваат во целото негово творештво. Од технички аспект, како наследство од користењето скулпторски материјали, авторот настојува да ги искористи до максимум сите можности на синтетичките материјали и конечниот визуелен ефект што се постигнува со секој од нив, но не инсистира на трајноста на објектите, туку на едноставноста на индустриската форма“ – стои во информацијата од НГМ.

You May Also Like