На ден 25.11.2011 година(петок), со почеток во 19:00 часот, во Музеј ТЕРАКОТА во Виница ќе се одржи промоција на првиот стрип албум на младиот ,но веќе афирмиран автор Дарко Богданов од Виница. Истиот е под наслов МОДУС ВИВЕНДИ со 56 броја на страници ,црно бел печат и мек повез.
Инаку Дарко Богданов е роден на 04.04.1984 во Скопје. Завршил средно уметничко училиште во Скопје и ликовна академија во Софија, Бугарија. Учествувал на повеќе стрип салони и работилници, во Велес, Лесковац, Призрен, Познањ-Полска и Белград. Добитник на втора награда на Стрип салонот во Велес во 2008 година. Објавувани повеќе стрипови во македонски и странски ревии.
Еден од цртачите на проектот “Full Circle” со кој зема учество на Биеналето за млади уметници одржано во Скопје, месец септември 2009 година.
Работел исто и за Бугарскиот стрип издавач ИЕКК Комикс,и во филмскиот центар “Nu Image” во Софија, како сториборд цртач. Моментално живее и работи во Виница