Дневни настани во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“

Заврши првата етапа од традиционалната културна манифестација „Топол културен бран”, која со поддршка на Министерството за култура се одржува веќе седум години во повеќе општини во Република Македонија.

topol_kulturen_bran_1Во изминатите десет дена, во рамките на манифестацијата, македонските граѓани и туристите од регионот имаа можност да присуствуваат на повеќе културни настани, меѓу кои: театарски претстави, проекции на филмови, изложби, концерти на познати естрадни ѕвезди од забавната и од народната музика, промоции и повеќе содржини наменети за најмладата популација. Со настапот на Сузана Спасовска во општина Градско и џез-концертот на групата „Летечки пекинезери“ во Богданци, заврши првата етапа од ова културно збиднување.

Втората етапа од оваа значајна културна манифестација ќе започне на 20 август и ќе трае сè до 31 август.

You May Also Like