Денеска (20 септември 2014, сабота) со почеток во 10:30 часот, на ново спортско игралиште спроти плоштадот во Автокоманда ќе се одржи натпревар во Street Basket, на која ќе се натпреваруваат 26 екипи.
На настанот ќе присуствуваат градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и претседателот на Советот на Гази Баба, Милан Андоновски.