Годишно собрание со работна тема „Гласот на делото, глас на писателот“ во ДПМ

Утре (вторник, 4 јуни) со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи дебата на тема: „Гласот на делото, глас на писателот“.


Утре (вторник, 4 јуни) во 11 часот  Друштвото на писателите на Македонија ќе го одржи своето Годишно собрание со работна тема “Гласот на делото, глас на писателот”. Собирот ќе го отвори претседателот на Собранието на ДПМ Веле Смилевски, а потоа учесниците ќе расправаат за различните аспекти на темата во обид да се одговори на прашањето: дали и зошто писателите молчат.

Во рамките на овој највисок собир на македонските писатели во попладневните часови ќе се одржи поетска средба на која ќе настапат триесетина автори, членови на ДПМ од Битола, Прилеп, Тетово, Велес, Куманово, Струмица, Радовиш, Охрид, Струга, Кочани, Штип, Скопје и Крушево.

You May Also Like