Од 8-10 септември 2014 година, во хотелот „Мона“ во Златибор, Република Србија, беше организирана регионална конференција на тема „Музеите и културниот туризам“.
Во текот на првите два дена наКонференцијата своите знаења и искуства поврзани со културниот туризам ги претставија 27 учесници од регионот (Србија, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина), а по завршувањето на Конференцијата беше реализирана еднодневна стручна екскурзија на која учесниците се запознаа со културното и природното наследство на Златиборскиот округ.
Македонскиот национален комитет на ICOM (МНК ИКОМ) беше соорганизатор на оваа Регионална конференција. МНК ИКОМ реализира забележително активно учество во рамките на оваа конференција, при што во рамките на истата, следните членови на МНК ИКОМ се претставија со свои излагања на наведената тема:
1. Ирена Колиштркоска-Настева, кустос советник-археолог. Археолошки музеј на
Македонија. „Согледување на неопходноста на вклопување на околината со
музејските комлекси со цел – развој на културниот туризам“.
2. Рубинчо Белчески, виш кустос-историчар. НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп. „Музеите и културнот туризам-осврт на состојбите и потенцијалот во Република Македонија“.
3. Славица Крстиќ, советник-историчар на уметност. НУ Музеј – Куманово. „Музеите и културниот туризам во кумановскиот регион“.
4. д-р Бранислав Светозаревиќ, директор на НУ Музеј на македонската борба-Скопје. „Прилагодување на музејот кон барањата на туристите- искуства на Музејот на македонската борба-Скопје.
