Вечерва (петок, 07.06.2013 година) во во фоајето на НУЦК ”Tрајко Прокопиев” со почеток во 20:00 часот во соработка со НУ Музеј – Куманово ќе се одржи промоција на документарниот етно филм ”Патот на надежта”, во сценарио и режија на м-р Анита Ѓорѓиоска, виш кустос етнолог. Промотор ќе биде д-р Владимир Боцев, советник во Музејот на Македонија.
Филмот е добитник на Гранд при и Златна плакета на 40 Државен фистивал на филм во Кичево. Влезе во конкуренција на 73 Меѓународен фестивал на филм во Луксембург и беше прикажан во период од 20-28 август каде што доби специјално признание. Презентиран е и во Белград на Меѓународниот фестивал на документарен етнолошки филм како и на Фестивалот во Готинген, Германија во 2012 год. Во Франција ( Париз ), на Североисточниот филмски европски фестивал “See a Paris” оваа година беше прикажан од 22-25 мај.
Филмот говори за социјалниот, материјалниот и духовниот живот на населението од селото Длабочица, Козјачки крај, Кумановско. Тоа е една интересна приказна за нивниот живот, согледувањата и размислувањата за животот и воопшто за
жените.
Етнолошкиот филм е едно медиско средство кој овозможува да на еден сеопфатен начин го прикаже богатството на нашата традиционална, материјална и духовна култура особено во доменот на народното творење.