Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вечерва (петок, 7.6.2013 година) во 20:00 часот кај Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се обрати на отворањето на 48-то издание на театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Фестивалот кој од 7 до 14 јуни се одржува во Прилеп ќе биде отворен со претставата „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“ од Јордан Плевнеш.