Во Велес започна фестивалот „Импакт“

Со претставата „Соочување (Кон себе)“ синоќа (сабота, 29 септември) започна вториот фестивал на алтернативен театар и изведувачки уметности „Импакт“.


Режисер на оваа фестивалска премиера  е Драгана Стојчевска  студент на режија, која ја изработи  заедно со група млади студенти на глума. Претставата беше изведена во  зградата на велешкиот театар а претходно во фоајето беше отворена изложба- инсталација ,,Прекршена реалност,, на бугарската уметничка Пепа Иванова која работи и живее во Брисел.

 
Изложбата ќе трае наредните пет дена, додека се одржува фестивалот. Денеска (недела, 30 септември, 2012) на програмата се две претстави првата е „Рози и грав“ на шведскиот танцувачки состав Шејкит лаб која е закажана за 19:00 часот во просториите на Ликовниот салон, додека во 21:00 часот  е словенечката „Причина да се биде среќен“ на театарската група Глеј. Таа ќе се игра во Народниот Театар пред ограничен број публика, поради што ќе биде  репризирана  и в понеделник.

You May Also Like