Започнуваат Деновите на јапонски филм

Денеска (14 март,петок) во 20:00 часот во Кинотеката на Македонија свечено ќебидат отворени Деновите на јапонскиот филм. Ревијата ќе трае до 20 март.

Кинотека на Македонија
Кинотека на Македонија

Љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да се запознаат со кинематографијата на оваа земја преку повеќе филмски остварувања кои секојдневно ќе се прикажуваат.

– Оваа година Јапонија и Македонија одбележуваат 20-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи. Од 1994 година наваму, врската помеѓу нашите две земји секогаш се засновала на пријателство и соработка. Пример за тоа е поддршката – од вас и од вашата влада, од приватните компании и невладините организации во Македонија – што и ја дадоа на Јапонија во 2011 година, за ублажување последиците од земјотресот и цунамито. Од страна на нашата влада и луѓето во Јапонија, дозволете ми да ја изразам мојата благодарност за вашата трогателна поддршка и гестовите на солидарност. Веќе неколку години амбасадата на Јапонија во Виена и Јапонската фондација успешно организираат филмски настани во соработка со Кинотеката на Македонија. Јас сум убеден дека овие настани ја промовираат широката културна размена меѓу нашите две земји, а тоа особено оди во прилог на зацврстување на пријателството и продлабочување на меѓусебното разбирање помеѓу нашите две земји. Во последниве години, јапонската кинематографија добива сè поширок интерес низ целиот свет. Неколку јапонски филмаџии – како Такеши Китано и Хијао Мијазаки – се доста добро познати и во Македонија. Оваа година претставуваме филмска програма насловена како Tајните на јапонската технологија: нинџи, преобразби, тимска работа, во чии рамки ќе бидат претставени седум филма од 60- тите, па сè до 80-тите години од 20. век. Од програмата ќе бидат задоволни и фановите на Такеши Китано, но и вљубениците на класичните јапонски филмови. Се надевам дека овој настан ќе има многу посетители, кои ќе се здобијат со нов и проширен интерес за јапонската култура и општество“ – истакнува во своето обраќање амбасадорот на Јапонија за Македонија, Макото Такетоши, по повод ревијата на јапонски филмови.

You May Also Like