Денеска (14 март, петок) со почеток во 20:30 часот во арт-кафето „Концепт 37“ ќе се отвори изложбата на уметникот Атанас Ботев. Тој пред публиката ќе се претстави со принотви од циклусот „Деус Секс Макина“.
Изложбата е во соработка со арт галеријата „Грал“ и ќе биде продажна.
Тој е роден во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрирал на истиот факултет во 1999. Во моментов работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје. Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.
Досега има остварено десет самостојни изложби а има учествувано на бројни групни изложби во земјава и во странство.