Настап на Градскиот дувачки оркестар по повод 23 Октомври

Настапот на Градскиот дувачки оркестар се организира по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

gradski duvacki orkestar

На  23 октомври 2014 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, на плоштадот „Македонија” концерт ќе одржи Градскиот дувачки оркестар.

Членовите на оркестарот ќе ги изведат следниве дела:

– Младинска чекорница
– Вардаре македонски
– Патриотска чекорница
– Вашингтон пост марш
– 3.Македонска бригада
– Огномет на слободата
– Во спомен на Ваташа
– За сите деца
– Дикси парада
– Работнички
Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје,  составен е од членови главно професионални музичари, како и од студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите.

You May Also Like