(Видео+фото) Мјузиклот на струмичките гимназијалци со рекордна посетеност

Повеќе од 70 учесници од средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица, преку глума, хорско пеење, балет и солистички изведби, во петокот (4 јануари, 2013) го одиграа својот необичен мјузикл посветен за Тоше Проески.

Мјузиклот со наслов „ Музика и хуманост без граници“ содржи повеќе од 30 песни на македонски јазик склопени во 80-минутен мултимедијален настан.

Големата сала на НУЦК „Антон Панов“ која собира едвај 600 гости, беше претесна за над 1.200 посетители кои дојдоа да го гледаат концертот.Големиот интерес за концертот со песните од Тоше Проески резултираше со негово повторно одржување, веднаш после првата изведба.

Овој хуманитарен настан немаше класична влезница туку граѓаните донираа свои подароци под симболичната елка, а тие се наменети за 20 социјално загрозени семејства во Струмица.

Менторите на хорот и оркестарот велат дека досега своите концерти никогаш не биле изведени два пати во истата вечер, а поради огромниот интерес размислуваат да го одржат својот хуманитарен мјузикл и во други македонски градови.

You May Also Like